„Подобро да сум во затвор отколку дома со жена ми“ – Нема крај на брачните проблеми на Албанец во Италија – ММС
ММС

Објавено на: 03/16/22 5:00 PM

„Подобро да сум во затвор отколку дома со жена ми“ – Нема крај на брачните проблеми на Албанец во Италија

Албански државјанин (30) кој живее во Италија, во Гвидонија Монтечелио недалеку од Рим, наместо затвор добил домашен притвор, но брзо заклучил дека е подобро да биде зад решетки.
– Револтиран од ситуацијата претпочитал да избега од домашен притвор, се обратил во полиција да го замоли казната да ја одлежи зад решетки – пишувало во соопштението.
Овој господин по неколкумесечен домашен притвор заклучил дека полесно ќе биде во затвор отколку да дели покрив над главата со сопругата, па избегал во полициска станица и молел да го уапсат.
– Живеел дома со сопругата и семејството. Веќе не одело добро. Дојде и ми рече: „Слушај, мојот семеен живот стана пекол, не можам повеќе, сакам да одам во затвор – додаде Феранте, капитенот од карабинерите на Тиволи.
Мажот веднаш бил приведен поради прекршување на мерката куќен притвор, а правосудните органи наредиле негово префрлање во затвор, па дотичниот господин го добил токму тоа што го сакал, пренесуваат италијанските медиуми.

Извор: alo.rs