Русија продолжува да го напаѓа Киев, главниот град на Украина. Станбена зграда од 12 ката во Киев утрово се урна откако беше погодена од руски гранати во киевскиот кварт Шевченко.
Две лица се повредени, а 37 се евакуирани, соопштија украинските служби. Украинската државна служба за вонредни состојби соопшти дека пријавата ја добиле во 06.16 часот изутрината, потврдувајќи дека фрагменти од гранати паднале врз зградата и предизвикале нејзино уривање, како и дека ја оштетиле 9-катницата во соседството.
Руските сили во последните денови ги интензивираа нападите врз главниот град Киев. Најмалку седум лица загинаа во нападите што се случија во изминатите два дена, а кои главно беа насочени кон цивилни населби, јавуваат украинските медиуми. Би-Би-Си наведува дека на социјалните мрежи имало непотврдени извештаи за експлозии во градовите Одеса и Запорожје на југот на Украина.
Градоначалникот Виталиј Кличко, поранешен светски шампион во бокс, воведе полициски час во траење од 35 часа, додека руските војници го стегаат обрачот околу градот. Повеќе од половина од населението од околу три милиони побегнало од Киев.
Two high-rise buildings located in the Schevchenkivskyi District of Kyiv hit by shelling this morning. pic.twitter.com/TGVlpLyQRe
— Status-6 (@Archer83Able) March 16, 2022
извор: Mondo.rs