Кумановскиот тутунски бос, Бајруш Сајдиу на слобода, го амнестираа по втор пат – ММС
ММС

Објавено на: 09/12/18 3:11 PM

Кумановскиот тутунски бос, Бајруш Сајдиу на слобода, го амнестираа по втор пат

Кривичниот совет на Скопскиот суд му ја прифатил молбата за условен отпус од 11 месеци на кумановскиот тутунски бос, Бајруш Сејдиу – што значи дека тој не се враќа во затвор.

Условен отпуст е предвремено отпуштање на осуденото лице од издржување на казната затвор и тоа е една од законски утврдените основи за отпуштање на осудените лица.

Кумановскиот тутунски бос, Бајруш Сејдиу има две пресуди, една од дванаесет години затвор и уште една од пет ипол години. Кумановскиот тутунски  бос  беше осуден  за малверзации со стечајни постапки, фалсификување цигари, злосторничко здружување.

Некои од порталите коментираат дека одлуката  е предреферендумски акт на добра волја и шема којашто била искористена и за време на локалните избори. Чудно и невообичаено било и тоа што наводно претседателот на Судот му наредил на доставувач, наредбата и одлуката на Кривичниот совет да биде однесена во затворот во Куманово, што не е пракса на Судот, пишува во текстот објавен на Досие, во кој уште  се додава дека тоа се  коси и со дел од законските одредби, одлуката на Кривичен совет, давање условен отпус на осудено лице чија казна била во прекин за извршување поради здраствени причини.

Сејдиу, казната затвор ја извршуваше во штипскиот затвор, но од пред неколку месеци е префрлен  во Кумановскиот. Го прашавме директорот на Кумановскиот затвор, дали Сајдиу навистина излегува од затвор, но тој ни одговори дека на ова прашење  не сака да коментира.

Со Законот за амнестија што го донесе актуелната  власт затворската казна на Сејдиу му беше намалена за 30%, односно за околу четир иипол години.