(Видео) „Дајте го моето срце, моите очи на некој што никогаш не видел сонце“ – Светот се расплака на проштално писмо на девојче – ММС
ММС

Објавено на: 03/15/22 8:36 PM

(Видео) „Дајте го моето срце, моите очи на некој што никогаш не видел сонце“ – Светот се расплака на проштално писмо на девојче

Дана Паола Арсиос Рејес, боледувала од дијабетес уште од детството, но поради компликации и мозочна смрт, почина на 13-годишна возраст, на 22 февруари.

Поминала неколку месеци во болница, каде доживеала три срцеви удари, а пред да биде хоспитализирана оставила проштално писмо во кое ја напишала својата последна желба.

Семејството на оваа девојка веруваше во нејзиното закрепнување, но за жал таа ја загуби битката пред неполн месец. По нејзината смрт јавно беше прочитано писмо кое ги расплака сите.

Прочитајте го проштално писмо на овој ангел:

– Кога моето тело ќе лежи во постела, а докторот ќе утврди дека мозокот повеќе не ми работи, мојот живот ќе заврши. Кога тоа ќе се случи, не се обидувајте да внесете вештачки живот во моето тело со разни апарати и не го нарекувајте ова моја смртна постела. Дозволете моето тело да им помага на другите во обидот да продолжат да живеат – пишувало во писмото на малата Дана:
-Дајте ги моите очи на човек кој никогаш не видел изгрејсонце, лице на дете или изглед на трудница. Дај го моето срце на личност чие срце предизвикува само болни денови. Дајте ги моите бубрези на оние кои зависат од машини за да не биде така веќе кај нив – заклучила таа во својата последна желба.

Желбата на оваа прекрасна девојка била исполнета, па нејзините органи, рожницата, бубрезите и црниот дроб ги донирале три деца, известија од клиниката.

Извор: курир.рс

Фото: Принтскрин Јутјуб