Руското Министерство за надворешни работи објави дека вовело лични санкции против американскиот претседател Џозеф Бајден и државниот секретар Ентони Блинкен.
Како одговор на санкциите без преседан со кои се забранува влез на руски функционери во САД на 15 март, претседателот Џозеф Бајден и државниот секретар Ентони Блинкен се вклучени во руската „стоп листа“ врз основа на реципроцитет.
-На листата се секретарот за одбрана Лојд Остин, како и голем број раководители на сектори и познати американски личности – наведува Министерството.