Поранешниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Бразил, Марко Поло дел Неро (81) е исфрлен засекогаш од фудбалот, откако беше докажано дека примил милиони долари мито за различни коруптивни практики во овој спорт, но откако беше „принуден“ да даде отказ од фудбалот – лесно најде утеха во нова љубов.
„Фудбалскиот криминалец“, како што сега го нарекуваат во Бразил, веќе три години е во врска со атрактивната Клара, која е точно 50 години постара од него, а дека не е само „љубов што поминува“ потврдува и фактот што наскоро ќе се венчаат.
Манекенката и актерка не крие од јавноста дека е „вљубена“ во Марко Пол дел Неро, па често прикачува заеднички фотографии со него на социјалните мрежи, додека не и е јасно зошто е толку критикувана во јавноста. Слушнала различни коментари – како спонзорство – и Клара не се грижи за нив.
„Добив и се уште добивам многу критики, но зафатена сум со други работи, па немам време да се грижам што мислат другите за мене и мојот живот“, изјави Клара.
„Почитувана сум, сакана и многу среќна, не се грижам за другите.
Дел Неро е поранешен адвокат и беше во Извршниот одбор на ФИФА, а во годината кога ја запозна „љубовта на својот живот“ му беше забрането да биде член на меѓународни спортски организации и доби парична казна од еден милион долари, што е околу една петтина од неговото богатство.
извор: Mondo.rs
фото: Instagram