Мравките можат да ги препознаат клетките на ракот- Научниците објаснуваат како тоа е можно – ММС
ММС

Објавено на: 03/15/22 2:53 PM

Мравките можат да ги препознаат клетките на ракот- Научниците објаснуваат како тоа е можно

Научниците ширум светот вложуваат големи напори да го подобрат лекувањето на една од болестите што убива илјадници животи годишно.

Еден од претходните експерименти покажа дека кучињата се способни да откријат рак на дојка и белите дробови врз основа на дишењето на пациентот, а сега се покажа дека оваа способност не ја имаат само нашите четириножни пријатели, туку и кафените шумски мравки (Formica fusca).

По само неколку минути тренирање (мравките беа обучени по системот за наградување да реагираат на одреден мирис), овие вредни инсекти успеаја да ги разликуваат здравите човечки клетки од клетките на ракот во петриевата чинија. Научниците веруваат дека здравите и канцерогени клетки лачат различни соединенија кои мравките можат да ги мирисаат.

„ Покажавме дека на некои мравки им требаат само неколку тренинзи за да научат, запомнат и со сигурност да го откријат мирисот на човечките канцерогени клетки – тврдат авторите од францускиот Национален центар за научни истражувања.

Авторите на студијата ќе продолжат да истражуваат начини за брзо, ефикасно и рано откривање на ракот без скапи или инвазивни методи.

„Нашите резултати покажуваат дека употребата на мравките како жива алатка за откривање на биомаркери за рак кај луѓето е изводлива, брза и помалку бара од употребата на други животни – пишуваат научниците, пренесува National Geographic.

Истражувачите го видоа потенцијалот на мравките да мирисаат други супстанции, како што се лекови, експлозиви или други болести.

Нивната работа беше објавена на веб-страницата iScience минатиот месец.

извор-republika.rs