Во чест на колегата, кој почина од корона, „Амадеус бенд“ во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 03/15/22 2:20 PM

Во чест на колегата, кој почина од корона, „Амадеус бенд“ во Скопје

На 17-ти март, во Скопје ќе гостува популарната група „Амадеус бенд“, кога ќе ја промовира новата песна и видеоспот за „Београд“ и документарецот за нивниот починат член Токан.

„Амадеус бенд“ кој повеќе од 20 години ниже хитови и прави спектукаларни концерти и настапи во целиот регион ја закажа промоцијата за 12.00 часот напладне во ресторан „Дион“ – ГТЦ. Покрај присуството на членовите на бендот и македонската премиера на видеото, ќе биде прикажан и кусиот документарец во сеќавање на нивниот трагично починат член, тапанарот Бојан Златановиќ – Токан, кој пред две години го загуби животот од короната.

Истата вечер, со почеток во 20 часот „Амадеус“ во ресторанот ќе имаат концерт.

ММС