Премиерите на Чешката Република, Полска и Словенија за Киев со воз за да и покажат поддршка на земјата во име на ЕУ. Со тоа, тие се првите странски лидери кои ја посетиле украинската престолнина по руската инвазија минатиот месец.
Киев е под постојан руски напад: две силни експлозии го потресоа главниот град пред зори во вторник. Службите за итни случаи соопштија дека две лица загинале кога удриле во станбена зграда.
Информацијата беше потврдена и од кабинетот на премиерот на Република Словенија. Посетата беше организирана во консултација со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со цел да се потврди недвосмислената поддршка на целата Европска унија за суверенитетот и независноста на Украина. „Посетата, исто така, има за цел да претстави широк пакет поддршка за Украина и Украинците“, рекоа тие.
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки на Фејсбук изјави дека патувањето се случило на 20-тиот ден од „криминалната агресија на Путин против Украина“.
„Во такви времиња на промени за светот, наша должност е да бидеме таму каде што се кова историјата. Затоа што не се работи за нас, туку за иднината на нашите деца, кои заслужуваат да живеат во свет без тиранија“, рече тој.


