Комисијата за политички систем на Владата на Црна Гора, со која претседава вицепремиерот Дритан Абазовиќ, едногласно го усвои пакетот санкции против Русија, кој претходно беше воведен од Советот на Европската унија (ЕУ).
Меѓу другото, санкциите се однесуваат на 696 руски граѓани, како и на финансиски институции, имот, трговија и дистрибуција на стоки.., пренесува црногорскиот портал Вјести.
На листата се рускиот претседател Владимир Путин, премиерот Михаил Мишустин, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, рускиот министер за внатрешни работи Владимир Колоколцев, Рамзан Кадиров, рускиот чеченски претседател, поранешниот руски претседател и актуелен потпретседател на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.
На списокот се и Игор Сечин, извршен директор на руската државна нафтена компанија Роснефт, Николај Токарев, извршен директор на руската компанија за нафта и гас Транснефт.


