Лизи Грумбриџ (27) од Кемборн, Англија, е висока 187 сантиметри, а побарувачката за нејзините секси хулахопки е толку голема што заработува речиси двојно повеќе од просечната британска плата.
Лизи вели дека досега заработила 63.000 евра од продажбата на нејзините секси чорапи. Побарувачката е толку голема што секоја недела мора да оди да купува нови.
– Уживам и не ми е гајле што мислат другите. Нивното мислење не ми ги плаќа сметките. Дојдов на идеја кога моите обожаватели почнаа да ме повикуваат на TikTok. Снимам многу видеа поврзани со мојата висина и во кои носам хулахопки. Така почнаа да ми праќаат пораки дали можат да купат чорапи од мене – откри Лизи, која има повеќе од 733.000 следбеници на TikTok.
Откако започнала со овој бизнис, таа заработува речиси двојно повеќе од просечната британска плата. Лизи, мајка на три деца, може да продаде околу 10 пара за 14 дена. Таа неодамна ги зголеми и градите, па се надева дека побарувачката уште повеќе ќе се зголеми.
Сепак, грижата за три деца додека креирате содржини не е секогаш лесна, а Лизи призна дека и таа има свои тешки моменти.
„Сакам да покажам дека можете да ги остварите вашите соништа и да ризикувате бидејќи живеете само еднаш и тоа се исплати“, рече таа и додаде дека сега тоа е нејзина работа со полно работно време, пишува Mirror.
View this post on Instagram
извор: 24sata.hr/Mirror.co.uk
фото: Instagram