По 30 години пауза легендарниот состав „Банкрот блуз бенд“, во кој дел беа Сашо Гигов – Гиш, Петар Ренџов и Игор Атанасоски – Харе, се собраа повторно, за да му оддадат почит на големиот Блаже Конески.
Овие троица музичари направија обработка на неговата песна „Починка“, во нивен блузерски стил. Аранжманот го направи Игор Атанасоски – Харе, а продукцијата е на Мите Димовски од студиото „Тралала“.
-Да ја прославиме 100 годишнината од раѓањето на великанот Конески со убава македонска песна, вели Гуру Харе.
Песната е прв пат изведена на Скопски фестивал во 1976 од легендарната пејачка Зденка Ковачичек. Музика за оваа песна ја направил Љупчо Константинов, а текстот, се подразбира, големиот Блаже Конески.
(В.М.)