Според извештајот на Институтот за јавно здравје, минатата недела регистрирани сe 1.818 нови позитивни случаи од 30 градови во државата, што е намалување од 27,4 проценти во однос на претходната недела (n=2.504). Процентот на позитивност се движи од 7,8 до 13,8 отсто, просечно 11,6 проценти. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=983; 54,1%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 167,6/100.000, Ресен – 163,4/100.000 и Скопје – 155,0/100.000.
Што се однесува до возрасните групи, заболуваат лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60г (n=505, 27,8%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=60; 3,3%). Евидентно е намалувањето на бројот на заболени кај сите возрасни групи. Најзабележително е намалувањето од 41,7% во возрасната група од 0-9 години.
Пријавени 267 реинфекции според извештајот од минатата недела, што е намалување од 28,2% во однос на претходната недела.
Пријавени се 34 смртни случаи во 13 градови во текот на изминатата недела, за 33,3% помалку во однос на претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје (17). Во однос на возраста, регистрирани се 33 починати од возрасната група над 60 години и еден починат од возрасната група од 50-59 години.
Со почетокот на вакцинацијата на 17.02.2021 година, до12.03.2022 година, вакцинирани се вкупно 871.669 лица со една доза на вакцина против COVID-19. Со две дози се вкупно 851.655 лица, додека со трета доза се вакцинирани 147.223 лица.