Две сообраќајки изутрината во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 03/15/22 8:38 AM

Две сообраќајки изутрината во Скопје

На внимателно возење повикува Центарот за управување со кризи на Скопје (ЦУКС) покради сообраќајна незгода кај надвозникот  Дијамант (Естекада)  во насока на движење од бул. „Киро Глигоров“ кон населба Автокоманда. Центарот апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот особено ако се движат кон овој потег.

Сообраќајна незгода се случи и на мостот кај Нова железничка станица во насока на движење од к-ца помеѓу ул. „Беласица“ и бул. „Гоце Делчев“ кон к-ца помеѓу улиците „Ѓуро Ѓоновиќ“ и „Никола Карев“, па Центарот апелира возачите да бидат внимателни особено ако се приближуваат кон овој потег.