Маж и жена од Украина сакале да влезат во Романија со 1,6 милион долари во кеш, царината ги уапсила – ММС
ММС

Објавено на: 03/14/22 8:36 PM

Маж и жена од Украина сакале да влезат во Романија со 1,6 милион долари во кеш, царината ги уапсила

Романската царина приведе маж и жена од Украина кои сакале да избегаат од земјата со огромна сума на пари и скапоцени предмети, објави локалниот медиум „рајонинфо“ од Черновиц, западна Украина.

Романската царина привела маж и жена од Украина кај кои пронашла повеќе од 1,6 милиони долари во кеш, 50 илјади евра, девет луксузни часовници од неколку милиони долари, 24 луксузни чанти вредни над милион долари и накит. Ова го пренесува Транскарпатската телевизија на својата Фејсбук страница. Воедно не се соопштува на која царина се случил настанот.

А, жител на Јурпен се обидел да ја премине државната граница преку преминот „Мамалига“ поткупувајќи ги граничарите кај кои биле пронајдени 3.000 долари. Човекот е казнет со глоба од 1.000 евра за поткуп на граничари.

извор и фото: www.rayoninfo.info/