Сосотјбата со ковидот е на граница меѓу жолто и зелено. Во среда на седница на Комисијата за заразни заболувања ќе се разгледува состојбата, меѓутоа како што рече министерот за здравство, Беким Сали, нема оптимизам за разлабавување на мерките.
Како што рече министерот има оптимизам за состојбата, а показател се резултатите од серолошката анализа, кои покажаа дека 86 отсто од вакцинираните се имуни, додека 75 отсто од прележените се со имунитет.
За тоа какви се прогнозите за олабавување на мерките, ќе се тргне од бројот на новоинфицирани на 100.000 жители колку се новоинфицирани, хоспитализициите и последици.
-Се надевам дека оваа недела ќе испаднеме во зелена зона, меѓутоа дали ние сме подготвени да ги ослободиме мерките не сум сигурен и ќе треба да видиме што ќе одлучиме во среда на состанокот на Комисијата. Државите кои ни се репер индикаторите биле пониски од нашите, а и се вакцинирани над 80 отсто, така што и природната и вештачката имунизираност кај народот не е гарант дека нема да се врати претходната состојба, рече Сали.
Министерот за здравство рече дека со внимателност ги следат состојбите по олабавувањето на мерките во советот и така треба да се носат одлуките.
-Имаме четири држави кои ни се репер како први држави кои ослободија мерки. Денес таму забележуваме бумеранг враќање на првобитна состојба. Сите ние се согласуваме дека не би ризикувале да направиме таков потег со цел само да олесниме, а повторно да се вратиме на претходното. Оваа недела на состанок на Комисијата за заразни болести закажан за среда ќе видиме каква е епидемиолошка состојба во државата, рече Сали, според кого, имаме уште 30-тина други дијагнози кои се на работ на епидемии или евентуално пандемии и ќе треба да се справуваме.