(Вознемирувачко видео) Хорор во Доњецк: Градоначалникот тврди дека Украина го нападнала градот?! – ММС
ММС

Објавено на: 03/14/22 5:00 PM

(Вознемирувачко видео) Хорор во Доњецк: Градоначалникот тврди дека Украина го нападнала градот?!

Според РИА Новости, дваесет лица загинале, а девет се повредени во наводниот напад на украинските војници на Доњецк со ракета „Точка-У“, објави штабот за територијална одбрана на ДНР на каналот Телеграм.

„Според прелиминарните податоци, во центарот на Доњецк, на местото на падот на ракетата „Точка-У“, загинаа 20 лица, а 9 се повредени.“

Градоначалникот на градот Алексеј Кулемзин изјави дека ракетата била соборена во близина на зградата на Владата. Според шефот на ДНР, Денис Пушилин, има информации дека во нападот се повредени деца, пренесува РИА.

Спасувачите работат на местото на падот на делови од ракетата „Точка-У“ во Доњецк, а на настраданите им е укажана потребната медицинска помош, пренесува „Известија.ру“.

Заменик-шефот на Одделот на Народната милиција на Доњецката Народна Република (ДНР), Едуард Басурин, претходно изјави дека Вооружените сили на Украина (АФУ) го интензивирале гранатирањето на станбените населби во Доњецк и ги нападнале електричните мрежи и трансформаторите.

извор: Mondo.rs

фото: Twitter