Фудбалскиот клуб „Брегалница Делчево” го откажа учеството во Третата фудбалска лига Исток, кое ќе стартува кон крајот на месец март. Како причина за неиграњето во ова натпреварување од стручниот штаб го посочуваат фактот што натпреварите ќе се играат со згуснат распоред кој не им одговара на повеќето екипи.
-На последната ждрепка, донесена е одлука натпреварите да се играат последователно во деновите среда и недела, што е пречка за најголем дел од фудбалерите, имајки предвид дека дел од нив се студенти, а дел имаат работни ангажмани, поради што практично е невозможно да бидат подготвени, за ваквиот начин на играње на утврдениот распоред во Третата фудбалска лига – Исток, истакнаа од ФК „Брегалница Делчево”.
Од клубот посочија дека средствата кои ги добија како поддршка од Општината, екипата ќе ги искористи за натпреварувачката 2022/23 година, кога екипата повторно би се натпреваравала во Третата фудбалска жига Исток. Во ова натпреварување првенството ќе започне со учество на шест екипи, Малеш, Чешиново, Дојранско Езеро, Рудар, Карбинци и Овче Поле.
МИА