Еден од најголемите наши културни амбасадори, Симон Трпчески ја продолжува својата турнеја низ светот, која поради пандемијата паузираше.
Тој настапи и на 61то издание на меѓународниот музички фестивал „Мартенски музикални дни“ во Русе, Бугарија, заедно со диригентот Емил Табаков и Русенската филхармонија.
Македонскиот културни-информативен центар во Софија информираше и дека во концертот на нашиот маестро уживале претседателот на Бугарија, Румен Радев, на Собранието Никола Минчев и десетици други политички, уметнички, медиумски и дипломатски претставници.
Симон Трпчески имал спектакуларен настап проследен со три биса и овации од публиката.
Како изгледал алплаузот за нашиот цар може да се види на видеото на неговиот Фејсбук профил.