(Видео) Аплаузот траеше и траеше и траеше… Бугарите му се поклонија на Симон Трпчески – ММС
ММС

Објавено на: 03/14/22 2:19 PM

(Видео) Аплаузот траеше и траеше и траеше… Бугарите му се поклонија на Симон Трпчески

Еден од најголемите наши културни амбасадори, Симон Трпчески ја продолжува својата турнеја низ светот, која поради пандемијата паузираше.

Тој настапи и на 61то издание на меѓународниот музички фестивал „Мартенски музикални дни“ во  Русе, Бугарија,  заедно со диригентот Емил Табаков и Русенската филхармонија.

Македонскиот културни-информативен центар во Софија информираше и дека во концертот на нашиот маестро уживале претседателот на Бугарија, Румен Радев,  на Собранието Никола Минчев и десетици други политички, уметнички, медиумски и дипломатски претставници.

Симон Трпчески имал спектакуларен настап проследен со три биса и овации од публиката.

Како изгледал алплаузот за нашиот цар може да се види на видеото на неговиот Фејсбук профил.