„Не можам да ветам датум можам да ветам волја“ – Борел до македонските граѓани – ММС
ММС

Објавено на: 03/14/22 1:08 PM

„Не можам да ветам датум можам да ветам волја“ – Борел до македонските граѓани

Ниту руско – украинската војна не може да го смени правилото на Европската унија дека билатерални прашања не смеат да го загрозат процесот на пристапување. Ова беше одговорот на потпретседателот на ЕУ и  високиот комесар за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел од Скопје, кој уште еднаш повтори дека Северна Македонија целосно ги исполнила условите, се прилагодила на правилата на ЕУ, но постои отворено билатерално прашање.

-Знам дека имате одредени очекувања и со право. Треба да почнеме формално преговарање за пристапување на Македонија и Албанија што поскоро и се надевам дека тоа ќе биде можно на следната меѓувладина конференција. Да бидеме искрени, сосема го разбирам разочарувањето што го чувствуваат многумина. Ве сфаќам од срце. Јас доаѓам од Шпанија, земја, која мораше многу да чека. Но, ќе повторам дека преговорите за пристап е висок приоритет за ЕУ и постојано проценува дека земјата е подготвена, што не е реторичка изјава, туку цврста заложи и изјава за намера. Не можам да ветам – но чиниме се’ што можеме за пристапните преговори да почнат. За мене лично тоа е приоритет, рече Борел.

Според него, сега е моментот и треба да се искористи моментот и интензивирањето на дијалогот меѓу бугарската и македонската страна.

-Не можам да ветам датум можам да ветам волја, а каде што има волја има и начин, кажа Борел.

Високиот претставник на ЕУ во регионот доаѓа во време кога се води војна во соседството на Унијата, што Борел ја нарече варварска војна на Путин и Русија, кога се ракетираат училишта и болници, со 2,5 милиони бегалци што е најголем број на бегалци по крајот на Втората Светска војна на европско тло.

Борел најави усвојување на четврти пакет на санкции,  кои ќе биде одобрени од министрите на ЕУ, со кои ќе се забрани пристапот на Русија до членство до финансиски организации, работата со криптовалути, пристап до челични сектор и поостри санкции кон луѓето кои ги подриваат овие напори.

За регионот најави нов европски инвестициски план, преку кој ќе се финансира диверзификацијата на енергијата, да ја намали зависноста од одредени енергенси, со цел да се намалат цените. Во оваа насока се работи со Македонија за што поголема интеграција, а крајната цел да се соочиме со последиците од војната, ценовниот шок, да се закрепне и да се оди напред.