Во текот на изминатиот викенд во шестиот клон на градинката „Димче Мирчев“ од Велес, била извршена кражба од главната кујна која ги снабдува сите единици во градот.
Неофицијално, крадците ги одзеле сите залихи на шеќер, зејтин, брашно и сол од градинката која се наоѓа од левата страна на градот на десетина метри од градскиот пазар. .
Се очекува СВР Велес по извршениот увид да излезе со конкретни информации која вечер точно се случил грабежот и што точно е украдено затоа што градинката не работи за викенд.
фото: Фејсбук