Косовската полиција во акција против корупцијата меѓу своите – ММС
ММС

Објавено на: 03/14/22 10:32 AM

Косовската полиција во акција против корупцијата меѓу своите

Косовскиот полициски инспекторат (ИПК) објави дека почнал утрово обемна операција, чија цел е справување со кривичните дела „земање поткуп“ и „злоупотреба на службената должност“ од страна на одредени полициски службеници, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според полициски инспекторат, на операцијата ѝ претходела речиси едногодишна истрага против осомничените полициајци и во неа биле вклучени Специјалното обвинителство на Република Косово и други надлежни агенции.

– ИПК ќе продолжи посветено да презема дејствија кои имаат за цел јакнење на полицискиот интегритет, се вели во соопштението, во кое се најавува дека детали за текот и резултатите на операцијата ќе бидат објавени попладнево.