Во Лондон се одржа доделувањето на наградите БАФТА, а водителка на церемонијата беше актерката Ребел Вилсон. Русокосата актерка, чија трансформација за слабеење ги запрепасти сите, во живо му испрати јасна порака на рускиот претседател Владимир Путин.
„Оваа церемонија ја преведуваат две лица, еден на британски знаковен јазик, еден на американски. Но, за среќа, на секој знаковен јазик, ова е знак за Путин“, рече таа, кревајќи го средниот прст. Погледнете!
Во салата избувнаа силни аплаузи, иако дел од актерите и актерките беа видно изненадени од ваквата отворена порака. Повеќето од нив решија подискретно да го изразат своето противење за нападот на Украина, носејќи црно или боја на украинското знаме на црвениот тепих.
извор: Mondo.rs
фото: скриншот


