Локалните власти на кинескиот град Женшен каде работат технолошките гиганти како „Хуавеј” и „Тенцент” стави во карантин седумнаесет милиони жители откако се пријавени 66 нови случаи на корона вирус. Затворен е и деловниот кварт.
Властите побараа жителите да останат дома поради зголемувањето на случаите на инфекцијата со сојот омикрон. Последните денови затворени се места и ресторани што не се неопходни поради зголемениот број заболени.
Кина само вчера регистрираше 3.393 нови случаи на инфекција со корона вирус, најмногу во еден ден од избувнувањето на пандемијата во февруари 2020 година
Поради брзото зголемување на бројот на случаи низ целата земја, властите ги затворија училиштата во Шангај и заклучија неколку градови на североистокот, додека повеќе од десет провинции се борат да ги спречат локалните жаришта.
МИА