Јованка Д.(75) пред неколку дена беше уапсена поради продавање хероин во белградската населба Крњача, во Србија.
Необичниот случај предизвика големо внимание во јавноста, а според медиумите во „бизнисот“ се вклучени членови на семејството и соседи.
Ваквото однесување не е типично за нејзините врсници и не се среќни што ваквото злосторство е поврзано со луѓе во трето доба.
Нена Шантиќ, претседателка на Здружението на пензионери „Стари град“, вели дека не и било пријатно што тоа е поврзано со пензионерите.
– Тоа е поврзано со една популација која е сосема друга, тоа се луѓе со многу достоинство… Сите продаваат. Зошто на таа возраст? Тоа се пари, некаква камата – секогаш има изговор – истакна Шантиќ.
Ратомир Антоновиќ од Агенцијата за државна безбедност посочува дека криминалот не бира возраст или пол.
– Тоа е невообичаена ситуација. Тоа е многу профитабилен бизнис, во кој нашла добар извор на приход. Најчесто оние кои се занимаваат со продажба, не се трошат себеси, туку се трудат да вовлечат што повеќе луѓе во кругот на пеколот. Нејзиното однесување е типично за дилер на дрога – изјави Антоновиќ.
Според соговорникот, таа мрежата ја направила преку семејството и пријателите.
– Ваквите ситуации не се чести, па привлекуваат внимание. Во извршувањето на некои други злосторства се појавуваат постари луѓе, но како дилери секогаш замислуваме помлади мажи. Ја чека казна – верувам дека ќе има сериозна затворска казна – изјави Антоновиќ.
Извор: dnevno.rs