Пранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров застана зад минситерката за одбрана Славјанка Петровска, која е мета на омаловажување на Социјалните мрежи.
Димитров, не застана само зад Петровска, туклу и зад сите жени, кои како што вели, ја бијат оваа битка на своето поле.
-И јас застанувам зад министерката Славјанка Петровска, против сите оние гадости што го валкаат образот на нацијата. Тоа што таа е носител на висока должност ни дава право да зборуваме, да ја фалиме или критикуваме за нејзината работа, ама никако не ни дава право да ја навредуваме, по ниту еден основ, напиша тој и додаде:
-Застанувам зад неа, ама и зад сите жени, општествено истакнати и јавни личности, кои за разлика од нас – мажите, се носат со многу повеќе јавно исмејување, предрасуди, навреди, лаги и злоба.
Застанувам и зад сите жени кои не вршат јавна функција и не се јавни личности, ама се секојдневни хероини, и си ја бијат истава битка, на друг терен, во општественото или личното опкружување.
Ни треба очигледно многу поголема култура и воспитување и на јавната сцена и во општественото секојдневие, ама и посериозни политики за вистинска родова еднаквост, вели Димитров.