Нема паралела меѓу интервенцијата на НАТО во Сојузна Република Југославија (СРЈ) и руската инвазија на Украина, рече Весли Кларк, пензиониран генерал и поранешен врховен командант на европските сили на НАТО за време на операцијата Сојузничките сили во 1999 година.
„Нема паралели меѓу интервенцијата на НАТО во поранешна Сојузна Република Југославија и руската инвазија на Украина“, рече Кларк во интервју за Гласот на Америка (VOA).
Кларк објаснил дека НАТО започнал воена акција против СРЈ по неколкумесечни преговори со тогашниот државен врв предводен од поранешниот претседател на СРЈ Слободан Милошевиќ.
Според Кларк, на ова му претходела репресија врз албанското население на Косово, протерување на стотици илјади Албанци од нивните домови и судири меѓу воените и полициските сили и припадниците на Ослободителната војска на Косово (ОВК).
„Тоа е сосема различно од она што се случува во Украина. Немаше прогон во таа земја. Русија едноставно ја сака таа земја и дејствува без никакви ограничувања, убивајќи цивили. Тоа е воено злосторство бидејќи Русија се обидува да прегази и контролира една држава или барем целосно да ја смени сегашната влада“, изјави пензионираниот американски генерал.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва на ТВ Пинк зборуваше за актуелни теми а му одговори и на Кларк.
Вучиќ го потсетил Кларк како НАТО ги убил единаесетмесечното бебе Бојана Тошовиќ, Сања Миленковиќ и Милица Ракиќ.
– Дали спиеш? Можеш мирно да счпиеш? Нели ти е срам јавно да зборуваш за Србија? – го прашал Вучиќ Кларк.
Извор: Курир.рс