Претседателот на Украина, Володимир Зеленски пред неколку лчаса повторно се огласи преку видео порака. Овој пат меѓу другото на Италијанците, но и на Европа им рече да го запаметат бројот 79.
Зошто токму бројот 79?
– Сега кога е војна луѓето умираат. Починаа 79 деца. Украинците денес знаат дека фотографијата со нивните најблиски можеби е последна. За нас се што имаме во моментов може да биде последно. Денес и никогаш повеќе, како за 79 украински деца, 79 семејства. Тие семејства го загубија најважното нешто, но сепак треба да се борат. Тоа кажува како можеме сите заедно да направиме нешто, а тоа е да спречиме тој број дополнително да расте. Да не ја заборавиме Украина и 79, рече Зеленски и додаде дека често го прашуваат како Европа може да и помогне на Украина, но дека НЕ треба така да се постави прашањето, туку како Европа може да си помогне себеси.
– Присилете ги компаниите во вашата земја да ја санкционираат Русија, кажете им на вашите политичари да го затворат воздушниот простор над Украина. Ние сме исти како вас, ме разбирате ли. Нема да дозволиме овие 79 животи да бидат залудни, рече меѓу другото Зеленски.


