(видео)Јајце по главата добил француски претседателски кандидат, бил голем фан на Путин – ММС
ММС

Објавено на: 03/12/22 8:15 PM

(видео)Јајце по главата добил француски претседателски кандидат, бил голем фан на Путин

Францускиот претседателски кандидат на екстремната десница, кој инаку е голем љубител на Кремљ и Владимир Путин, денеска доби јајце во главата додека излегуваше од автомобилот за време на турнеја во рамки на кампањата.

На социјалните мрежи се појавија неколку видеа на кои се гледа како Ерик Земур излегува од автомобилот кога човек му приоѓа и буквално му крши јајце на глава.

Тој е еден од 11-те претседателски кандидати кои ќе се борат против актуелниот претседател Емануел Макрон на изборите следниот месец во Франција.

Тешко е да се каже кој од потезите и грозоморните изјави наиде на ваква реакција кај лут граѓанин. Дали е негово мислење дека украинските бегалци не треба да се примаат само така, евентуално оние кои докажуваат дека се поврзани со Франција?

извор-avaz.ba