Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека преговорите помеѓу Моска и Киев за судирот во Украина, кои се водени лице в лице во Белорусија, продолжија преку видео врска.
Тој наведе дека рускиот претседател Владимир Путин ги известил во денешниот телефонскиот разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон за видео преговорите во изминатите денови.
Песков истакна дека ќе продолжат преговорите.
Додека претседателот на Украина, Володимир Зеленски во денешното обраќање истакна дека украинските и руските преговарачки тимови почнале да разговараат за конкретни теми наместо за ултиматуми.
Тој додаде дека Западот досега не е доволно вклучен во преговорите.
Зеленски посочи и дека идните мировни преговори со Русија може да се одржат во Ерусалим.
миа