Најдоброто нешто кај чипсот од тестенини, покрај неверојатниот вкус, е тоа што лесно може да се прилагоди на какви било тестенини, сосови, начини на готвење, па дури и временски ограничувања. Има навистина безброј рецепти за оваа тестенина, но подготовката е всушност многу едноставна.
Состојки: 500 гр тестенини по желба, 100 гр рендан пармезан, 1 лажичка лук во прав, бибер, сол, масло.
Подготовка:
1. Тестенините прво сварете ги според упатството на пакувањето за да бидат ал денте(меки од надвор-потврди од внатре). Процедете ги тестенините и оставете ги на страна.
2. Додека се варат тестенините, истурете го маслото во тенџерето, така што слојот масло да биде доволно длабок за тестенините да не го допираат дното на тенџерето откако ќе се најдат внатре. Загрејте го маслото на средна температура и полека додадете ги тестенините малку по малку.
3. Печете ги тестенините околу две минути, а потоа внимателно превртете ги и печете уште една минута додека не станат целосно крцкави.
4. Откако ќе се испече, тестенините префрлете ги на хартиена крпа за да се впие вишокот масло и потоа ставете ги на чинија. Продолжете додека не ги испечете сите тестенини.
5. Додека се топли, чипсот од тестенини посипете ги со рендан пармезан, лук во прав, бибер и сол по желба.
6. Послужете со сос од салса или хумус.