Поранешниот полициски генерал и командант на тигрите Стојанче Ангелов е изнанаден од дел од јавото мислење коe ja подржува Русија, затоа што руската инвазија на независна Украина не може да се оправда со ништо и најсилно треба да се осуди, и за среќа Македонија е во Нато и ќе бидеме безбедносно сигурни, затоа што напад на било која членка ќе биде напад на Нато.
Ангелов кој учествуваше со специјалната единица тигри во борбите во Арачиново вели дека борбата во урбана срдина е ноќна мора за сите војски.
„ Во Арачиново бевме надмоќни и со обучен кадар и со техника, тенкови, ракети, хеликоптери и авиони и повторно напредувањето беше многу споро.
Без разлика што руската армија е надмоќна не можат целата војска да ја донесат во Украина, се се менува кога сте на првата борбена линија.
За мајката која ќе загуби син е сеедно како ќе ја наречете – операција инвазија или војна, гинат луѓе. Руската армија ќе заглави во големите украински милионски градови. Во Арачиново имаше чиста ситуација немаше цивили, тука градовите се полни. Руските војници се соочуваат со отпор и од самите граѓани кои биле руски или проруски настроени, затоа што не може да се оправда ваков еден страшен крвав пир – вели Ангелов.
Ангелов песимистички гледа на изгледите војната брзо да заврши.
– Сто педесет илјади војници за толку голема држава од 40 милиони жители се малку. Ќе мора млади регрути да се ангажираат дополнително многу повеќе. Моралот ќе опаѓа. Загинати цивили, разрушени градови уништена инфраструктура, тие слики ги демотивираат напаѓачите, а ќе ги разбеснат и мотивираат бранителите кои немаат каде да одат, ќе си го бранат своето. Предноста на големите армија се губи во урбани средини, ја губат татктичката и стратешка предност. Тенковите се речиси неупотребливи за ниско огнено дејствување, снајперистите стапувата на сцена. Ја сум песимист и мислам дека војната ќе потрае. Путин нема да се откаже. Преговорите течат, но условите од Русите се тешки и не знам дали имаат намера да ги прекинат наападите – рече Ангелов во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.