Годинава е планирано дополнително задолжување од 600 милиони евра, вели Бесими – ММС
ММС

Објавено на: 03/12/22 4:00 PM

Годинава е планирано дополнително задолжување од 600 милиони евра, вели Бесими

Процентуално јавниот долг во однос на БДП до крајот од годината се очекува да биде околу 63,4 проценти, кажа на денешната прес-конференција министерот за финансии Фатмир Бесими.

„ Сепак, со овие проценти не сакам да коментирам во јавноста, затоа што тие се релативни бројки и проценти што зависат од многу фактори. Државата има доспевање од 200 милиони евра долг во текот на оваа година – 100 милиони на домашен и 100 милиони на надворешен пазар. Нето ќе имаме дополнително 600 милиони за да може да се реализира Буџетот, како што е проектиран и изгласан во Собранието, изјави денеска на прес-конференција во Владата министерот за финансии Фатмир Бесими. Тоа што е релевантно е дека во Буџетот е планирано дополнително задолжување од 600 милиони, изјави Бесими.

Прв пристап, нагласи Бесими, е рационализација, а втор е репрограмирање и кога ќе укаже потреби и ребаланс.

„ Било која од овие варијанти ќе биде навремено преземена и комуницирана. Сите сценарија, од најоптимистички до најпесимистички ние ги комуницираме. Тоа  наша должност како носители на јавни функции. За сите сценарија имаме стратегија да настапиме навремено за заштита на стандардот на граѓаните и стопанството, изјави Бесими.

Инфлацијата, нагласи, тешко може сега да се процени во овој период, со оглед на драстичната промена на пазарите во Европа и светот по руската инвазија на Украина, но нашите неофицијални проценки се инфлација од 3,4 проценти во првата половина од годината.

mia

фото-влада