Сончево со мала до умерена локална облачност, ќе биде времето денеска. Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.
И утре изутрина ќе биде многу студено, а од понеделник ќе има пораст на температурата.
Зголемување на облачноста, врнежи и повторно заладување се очекува на крајот од работната седмица.
foto-arhiva