Леталото што падна во Загреб е украинско, се првите резултати од истрахата во Хрватска – ММС
ММС

Објавено на: 03/11/22 10:48 PM

Леталото што падна во Загреб е украинско, се првите резултати од истрахата во Хрватска

Според првите резултати од истрагата, леталото што вчера се урна во Загреб е во сопственост на украинската армија, а во хрватската престолнина стигнало поради грешка во навигацискиот систем.
Како што дознава 24сата.хр,  од извори блиски до истрагата за падот на леталото што се урна во Загреб, TU-141  и припаѓа на украинската армија. Станува збор за летало кое тежи повеќе од шест тони и е долго повеќе од 14 метри. Неговиот распон на крилјата е околу четири метри.

Според првите резултати од истрагата, леталото полетало од аеродромот Виниција во западна Украина од мобилен фрлач, приближно 100 километри југоисточно од областа контролирана од владините сили.
Претходно и романските и унгарските власти објавија дека леталото влегло во нивниот воздушен простор. Романските власти соопштија дека леталото било во нивниот воздушен простор само три минути, поради што не стасале да реагираат и дека дошло од Украина и продолжило кон Унгарија.
Од извори блиски до истрагата дознаваме дека авионот бил пресретнат од романски радар набргу откако го напуштил аеродромот и продолжил да го надгледува „нискиот и брз објект“.

Околу 23 часот леталото се урна во Загреб, во близина на студентскиот дом Стјепан Радиќ на Јарун. Според првите резултати од истрагата, леталото завршило во хрватската престолнина поради дефект на навигацискиот систем, кој според достапните податоци е произведен во 1981 или 1982 година.

Извор: 24sata.hr

Фото: Принтскрин видео ХРТ