Не сакаат хотел туку крузер и јахти за да се пијанчат – Жените на англиските фудбалери со посебни желби во Катар – ММС
ММС

Објавено на: 03/11/22 9:18 PM

Не сакаат хотел туку крузер и јахти за да се пијанчат – Жените на англиските фудбалери со посебни желби во Катар

Поубавите половини на репрезентативците на Англија одбија неколку понуди за сместување за време на Светското првенство во Катар.

Понудените станови биле луксузни, но дамите биле децидни дека не ги задоволуваат нивните стандарди и барале нешто поинакво.

Сепак, причината не е немањето луксуз на разгалените сопруги на пребогатите фудбалери.

За што всушност станува збор, откри Дејли Меил.
Избраничките на англиските фудбалери сакаат да избегнат драконски казни за употреба на алкохол во Катар, бидејќи е забрането да се консумира на јавни места.

Само одредени лиценцирани хотели можат да продаваат, но по многу високи цени. Начинот на слободно пиење е престојот на бродови за крстарење и јахти кои ќе се закотват во близина на Доха. Таму ќе можат слободно да слават или да ја топат тагата по натпреварите на Англија на Светското првенство кое ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Davison (@megan_davison_)


Тимот на англиски сопруги на познати спортисти ќе го предводи сопругата на напаѓачот и капитен на Тотенхем Хари Кејн – Кејт Кејн. Тука се и Меган Дејвисон (сопругата на Џордан Пикфорд), Саша Атвуд (Џек Грилиш), Ферн Хокинс (Хари Мекгваер), Ени Килнер (Кајл Вокер), Анушка Сантос (Лук Шо), Шарлот Трипи (Киран Трипи) …

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anouska Santos (@anouskasantos)


Тие често се пофалени од медиумите бидејќи се „обични англиски девојки, а не вообразени манекенки и барбики“.
За разлика од дамите, Фудбалската асоцијација на Англија избра хотел со пет ѕвезди за тимот на Герет Саутгејт, кој нема дозвола за продажба на алкохол. Се наоѓа во рибарско село на околу 16 километри од главниот град Доха.