Македонците можат да се венчаат и во Италија и да добијат 2.000 евра – ММС
ММС

Објавено на: 03/11/22 8:30 PM

Македонците можат да се венчаат и во Италија и да добијат 2.000 евра

Ако отсекогаш сте сакале венчавка надвор од Македонија, можеби во Италија, ова е вистинската вест за вас. Можеби во вечниот град или во некој од ридските италијански градови.

Новата кампања на италијанскиот централен регион Лацио на паровите им нуди 2.000 евра да ги однесат токму таму. Кампањата беше лансирана за да се зајакне економијата во регионот и да се охрабрат паровите да го преземат овој чекор во времето по круната.

Кампањата, Nel Lazio Con Amore (Во Лацио со љубов), издвои 10 милиони евра за нови парови, пренесува CNN.

Ако вашата апликација е успешна, можете да ги искористите тие пари за сите работи што вклучуваат планирање свадба. Фустан, цвеќиња, шминка, па дури и изнајмување простор каде што би се одржало. А ако ви останат пари, дозволено е да потрошите 700 евра на медениот месец. Единствената финта е што парите треба да ги потрошите со ангажирање фирми од тој регион.

Ако сакате готика, можете да изберете градови како Черветери или Таркинија познати по етрурски (предримски) гробници. Или можете да изберете да се венчате во Витербо, поранешен папски град.

Сите готовински плаќања мора да се извршат помеѓу 14 декември 2021 година и 31 јануари 2023 година во живо, а не преку Интернет.

Мора да приложите „фактура“ (даночно-службена фактура) дека се работи за свадбена услуга, како и доказ за уплата. Се разбира, можете да потрошите повеќе од 2.000 евра – но тоа е максимумот што ќе го добиете назад.

Апликациите се отворени и за Италијанци и за странци, единственото нешто е формуларот што треба да го пополните на италијански.

Формуларите ќе треба да ги пополните на нивната веб-страница, но побрзајте бидејќи кога ќе се достигне границата од 10 милиони, кампањата престанува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marco Melfi (@patatino_carino)

фото:www.versedaily.net/