Гледаме што и се случува на една жена, која има јавна професија, рече поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска, која со Фејсбук статус се обиде да застане на страната на актуелната министерка за однрана, Славјанка Петровска, која е жртва на напад на Социјалните мрежи.
-Застануваме солидарно зад Славјанка Петровска, зашто ниедна жена не треба да биде мета на родово базиран говор на омраза. Изминатиов период повторно гледаме што сѐ ѝ се случува на една жена која има јавна професија и професионално си ја извршува работата. Сè додека јавноста ги гледа жените единствено низ сексистичка призма, ниту ќе видиме повеќе жени на одлучувачки позиции, ниту ќе се искорени објективизацијата на жените во сите полиња на нејзиното постење, напиша Шекеринска постирајки дел од недоличните коментари.