Од понеделник се очекува поевтинување на горивата, смета Бектеши – ММС
ММС

Објавено на: 03/11/22 12:46 PM

Од понеделник се очекува поевтинување на горивата, смета Бектеши

Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека од понеделник цените на нафетните деривати ќе се намалат.

-Може да биде малку поскапо од Србија, од другите не верувам дека е поскап и дизелот. Денеска во Собрание најверојатно би требало да се усвои законот за ДДВ и законот за акцизи, а имајќи ги предвид и вчерашните цени на берзата и цената пред два дена, очекувам согласно анализите од утре, а многу е важно да се наведе дека веќе од понеделник ќе имаме не поевтини цени од регионот, но значително поевтини цени, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања.

Во врска со амандманите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, министерот нагласи дека секој предлог би требало да се разгледува, но и дека треба да се образложи зошто нешто се предлага, какви би биле фискалните импликации и како тоа би можело да влијае.

Министерот рече дека трговците нема да имаат загуби од Одлуката за ограничување на маржите, имајќи предвид дека се признаваат оперативните трошоци во формирањето на цената.

-Само за три производи нема да имаат добивка, а нема супермаркет или маркет што има под 300 – 400 производи. За големите и да не зборуваме, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања откако на прес-конференција во Владата сооошти дека стапува во сила забраната за извоз на пченица, пченка, јачмен, брашно и масло.

Според Бектеши, за време на викендот или на почетокот од идната недела ќе има конкретни резултати од анализата како се применува Одлуката на терен.

-Најважно е што Одлуката е донесена во целосна соработка со коморите и е потврдено дека ќе биде одржлива по барање на големите ланци, трговците на мало и на големо, подвлече министерот.

фото: МИА