Од денеска забранет извозот на пченица, јачмен, пченка и брашно, соопшти Бектеши – ММС
ММС

Објавено на: 03/11/22 11:40 AM

Од денеска забранет извозот на пченица, јачмен, пченка и брашно, соопшти Бектеши

Од денеска е забранет извозот на пченица, јачмен, пченка, пченично брашно, семе од сончеглед и  сончогледови масла, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши.

Одлуката за забрана ја донесе Владата и ќе трае во наредните десет дена, а нејзината цел, како што напомена Бектеши, е да се избегнат шпекулативни дејства на трговците и производителите, заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните.

– Одлуката се носи превентивно за да не настанат поглеми нарушувања на пазрот. Целта на мерката е заштита на домашниот пазар и на граѓаните. Во услови на постпандемија кога се соочуваме со најголемата економска криза во поново време, граѓаните треба да знаат дека Владата е посветена на намалување на негативните пооследици, потенцира министерот.

Тој апелира до сите економски чинители дека сега е вистинско време да се покаже разбирање и да се придонесе за намалување на негативните последици од кризата.

Бектеши уште еднаш порача граѓаните да бидат мирни и да не стравуваат зашрто државни резерви има.

– Им гарантирам на граѓаните дека државните резерви се стабилни и дека има доволно залихи пченица и пченка за покривање на домашните потреби. Секако, ако се појави потреба, државата е подготвена за дополнување на резервите, но засега за тоа нема потреба. Граѓаните да не потклекнуваат на шпекулации и да не се грижат, рече Бектеши.

Министерот од прес-конференцијата во Владата ги повика пратениците уште еднаш, итно да ги донесат законските измени за акцизите и ДДВ-то што беа доставени вчера до Собранието.