Судот пресуди по 4 години казна затвор за двајцата обвинети во случајот „Јавна соба“ – ММС
ММС

Објавено на: 03/11/22 10:52 AM

Судот пресуди по 4 години казна затвор за двајцата обвинети во случајот „Јавна соба“

Денеска во Кривичниот суд во Скопје  беше донесеа пресуда за случајот „Јавна Соба“ со што основачот и администраторот на групата „Јавна соба“ на Телеграм се осудени на по 4 години казна затвор. Дарко Костовски  како креатор и Михаил Пановски како администртаор се осудени за делото дистрибуција и производство за детска порнографија.

Како што во пресудата рече судијката Билјана Коцевска, двајцата обвинети во период од 19 ти декември 2019 година до 28 ми јануари 2020 година, првообинетиот Дарко Костовски, како основач и администратор на групата „Јавна соба“, отворена и користена од повеќе членови преку компјутерски систем преку социјалната мрежа Телеграф. И второобвинетиот Михаил Пановски како модератор и администратор на групата иако биле должни да се грижат за содржината на текстуалните, визуелните и аудио – визуелните содржини кои се прикачуваат во групата од страна на нејзини членови со умисла направиле да се направи достапна на членовите на групата содржина на аудио видео материјал кој во групата бил прикачен од нејзин член, а во кој аудио визуелно биле прикажани очигледни полови дејствија со дете, со кои обвинетите сториле по едно кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија.

Судот по советувањето донесе решение мерката куќен притвор против обвинетите да биде продолжена се до правосилност на пресудата односно до започнување на издржување на казната затвор, но не подолго од изречената казна затвор, заради тоа што судот сеуште смета дека постојат причини поради кој истиот е определен односно опасност од бегство на обвинетите. Судијката рече дека ова како мерка која е од најстрогата мерка куќен притвор, советот очекува дека ќе ги даде резултатите за непречено водење на оваа постапка до правосилно завршување односно до започнување на издржување на казната зтавор. Едновремено на сила остануваа и мерките кои што им беа определени со одземање на патната исправа или друг вид на исправа за премин на државна граница.

Г.Д