За Украина само писмена декларација од лидерите на маргините на европскиот самит во Версај. „Без одлагање, дополнително ќе ги зајакнеме нашите врски и ќе го продлабочиме нашето партнерство за поддршка на Украина на нејзиното европско патување. Украина е дел од нашето европско семејство”, стои во документот.
По повеќечасовна дебата, која заврши во 3 часот по полноќ, лидерите на ЕУ се согласија дека ќе ги преземат конкретните обврски за апелот на Украина за брз пристап во блокот и се разликуваа околу опсегот на санкциите против Москва. Сепак, тие јасно ставија до знаење дека брз пат до членството е невозможен.
Во нивната заедничка изјава објавена во раните утрински часови во петокот, лидерите на ЕУ „ги признаа европските аспирации и европскиот избор на Украина“, велејќи дека апликацијата за членство на земјата била „брзо“ пренесена до Европската комисија за да даде проценка.
Претходно, Европската комисија доби задача да подготви мислење, т.н. „ авис“, за подготвеноста на земјата да ги отвори преговорите. Сепак, и покрај отфрлањето на брзиот процес, лидерите на ЕУ ветија дека ќе ја доближат Украина политички поблиску до ЕУ.
„Во очекување на ова и без одлагање, дополнително ќе ги зајакнеме нашите врски и ќе го продлабочиме нашето партнерство за да ја поддржиме Украина да го следи нејзиниот европски пат. Украина му припаѓа на нашето европско семејство“, се вели во соопштението.
извор: агенции, Еуроактив