Заев: Дебата со Мицкоски штом каже дека е против бојкот на референдумот – ММС
ММС

Објавено на: 09/12/18 10:23 AM

Заев: Дебата со Мицкоски штом каже дека е против бојкот на референдумот

Премиерот Зоран Заев подготвен е да прифати дебата со лидерот на ВМРО -ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кога тој јавно ќе каже дека е против бојкотирањето.

„Штом тоа ќе го каже, веднаш ќе ја прифатиме дебатата. Ваквите ставови дефинитивно ја ставаат во заблуда иднината на Македонија“, изјави Заев одговорајќи на новинарско прашање како ги коментира поканата од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за ТВ дуел и неговиот став секој да гласа по сопствено убедување на претстојниот референдум.

„Иднината на Македонија заслужува секогаш да се разговара за тоа прашање и од тој аспект бојкотирањето на иднината на Македонија не претставува никаков основ да се седне да се разговара“, рече Заев на зедничката прес-конференција во Владата со косовскиот претседател Хашим Тачи.