Стар камион без регистерски таблички со приколка наполнета со земја, сосема го зачади улиците движејќи се од Градскиот стадион во Штип во правец на населбата Сењак. Особено тешко му паднаа штипските угорнини, па силата да се искачат, ја манифестираше со десеткратна доза на јаглерод диоксид и сулфур.
Како воопшто овој стар камион, кој остава црна чад се нашол на улиците и градилиштата? Како останал незабележано од патролите на сообраќајната полиција, која има надлежност да ги мери издувните гасови и ги упати возилата на вонреден технички преглед?
Според Законот за возила, полициски службеник го упатува возилото на вонреден технички преглед и ги одзема регистарските таблици, доколку се сомнева дека:
– не ги исполнува пропишаните барања во поглед на емисијата на издувни гасови и бучавата (член 84) и според член 83 – Надзор над техничката исправност на возилата во сообраќајот на патиштата, што се однесува на преглед, односно мерење на ефикасноста на системот за сопирање и емисија на издувни гасови, како и преглед и контрола на ограничувачите на брзината, го извршуваат инспекторите од Министерството за внатрешни работи, со помош на мерни уреди сместени во посебно возило (во натамошниот текст: мобилни единици).
Објавено на: 03/10/22 2:12 PM