Откажал еден од моторите – Авионот на Трамп принудно слетал – ММС
ММС

Објавено на: 03/10/22 10:00 AM

Откажал еден од моторите – Авионот на Трамп принудно слетал

Авионот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп принудно слетал на враќање од партискиот донаторски собир во Њу Орлеанс, велат извори запознаени со овој инцидент.

Инцидентот се случил над Мексиканскиот залив, откако откажал еден од трите мотори на авионот „Дасо Фалкон 900“, во кој бил поранешниот американски претседател заедно со советници и членови на тајната служба.

Авионот бил во воздух помеѓу 20 и 30 минути пред да откажа еден од моторите, а пилотот на приватниот авион решил да се сврти и да се врати на аеродромот во Њу Орлеанс, изјавил еден од изворите, пренесе Танјуг. Авионот полетал од аеродромот во Њу Орлеанс и требало да го пренесе Доналд Трамп до неговата резиденција во Мара-а-Лаго, Флорида, откако учествувал на состанок со некои од најголемите донатори на Републиканската партија.

Преземено од:https://www.politika.rs/
Фотографија: https://www.nytimes.com/