Придобивките од консумирање на јаболка во било кој период од денот – ММС
ММС

Објавено на: 03/10/22 9:17 AM

Придобивките од консумирање на јаболка во било кој период од денот

Се надеваме дека сте љубители на овошјето од насловот, бидејќи нуди многу придобивки за нашиот организам, за кои можеби не сте размислувале. Доколку, пак, не сте изеле доволно јаболка, ви нудиме причини да ја промените таа навика.

Влијаат на крвниот притисок
За да го регулирате, почестете се од време на време со јаболко. Докажано е дека храната која е богат извор на флаваноли, која вклучува јаболка, ја подобрува работата на кардиоваскуларниот систем.

Тие обезбедуваат здраво варење
Истражувањата велат дека јаболката позитивно делуваат на корисните цревни бактерии. Тие се одличен извор на полифеноли и влакна.

Јаболката може да има корисен ефект врз здравјето на срцето
Според студијата објавена во The American Journal of Clinical Nutrition, луѓето со благо висок холестерол кои јаделе две јаболка дневно доживеале намалување на LDL (лошиот) холестерол и проширување на крвните садови, што може да го намали ризикот од срцеви заболувања.

Заштитете го здравјето на забите
Едно јаболко дневно не само што го држи на дистанца докторот, туку можеби и стоматологот. Со џвакање јаболко не се отстранува плакот, туку се спречува бактериите да преживеат во плунката – слично како по миењето на забите, покажа истражувањето.

Тие ги неутрализираат мирисите
По оброкот кој содржи лук, почестете се со јаболко. Учесниците во истражувањето пиеле вода (контролна група), јаделе јаболка (сурово, сок, загреано), салата, листови од нане или пиеле зелен чај веднаш по оброкот. Суровите јаболка значително го намалуваат мирисот на лук (суровата зелена салата и листовите нане исто така делуваа добро).

Тие можат да го намалат ризикот од некои видови на рак
Нешто едноставно како јадење јаболка може значително да го намали ризикот од одредени видови на рак, според студијата објавена во Reviews on Environmental Health. На пример, јадењето едно или повеќе јаболка дневно го намалува ризикот од рак на дебелото црево и е поврзано со намален ризик од рак на белите дробови.

Тие можат да го ублажат воспалението во телото
Воспалението е причина за многу хронични болести. Јадењето јаболка на дневна основа може да ги победи. Јаболката се богати со антиоксиданси, вклучувајќи го и кверцетинот, кој има докажано антиинфламаторно дејство.

Преземено од: https://citymagazine.danas.rs
Фотографија: https://unsplash.com/