„Ми треба оружје, а не превоз“ – Русија има тенкови и војска, а Украина Зеленски – ММС
ММС

Објавено на: 03/10/22 9:42 AM

„Ми треба оружје, а не превоз“ – Русија има тенкови и војска, а Украина Зеленски

Украинците го најдоа одговорот на познатото Шекспирово „да се биде или не“, рече Володимир Зеленски пред британскиот парламент во видео обраќање во вторникот.

Потсетувајќи се на Винстон Черчил, Зеленски вети дека Украинците никогаш нема да се предадат, никогаш нема да се откажат. Тој побара од Западот да направи повеќе за да помогне во оваа борба до смрт, која, посочува Зеленски, е борба за Европа и демократија, пишува Си-Ен-Ен.

Не толку одамна, зборовите на Зеленски можеби звучеа трогателно, но не премногу важни. Но, многу се променија од почетокот на војната.

Светот го откри Володимир Зеленски.
Неговиот говор, како и безброј пораки на социјалните мрежи, телефонски повици и состаноци преку Зум во последните две недели откако Владимир Путин ја испрати својата војска во Украина, имаа позната слика – бејби фејс претседател, неизбричен, во маслинесто зелена маица. Неговата емотивна порака беше пред сè повик на совест и храброст, комбинација на инспирација и опомена, големи идеали и, пред сè, конкретни барања.

Во неделите пред почетокот на војната на Путин, многумина се сомневаа дека Зеленски е подготвен за предизвикот. Впрочем, тој беше забавувач до 2019 година. Тој не може да го направи ова, некои рекоа, „заглиби преку глава.“ Споредбите на воените сили покажаа дека Русија има илјадници повеќе тенкови и авиони и стотици илјади повеќе војници од Украина. Таа разлика изгледаше непремостлива, исходот од војната неизбежен. Но, Украина се чини дека имала тајно оружје, и тоа неизмерно моќно.

Тоа оружје не е ништо друго туку Зеленски.
Кога ја одбил понудата од САД да му помогне да избега од земјата, велејќи „Ми треба оружје, а не превоз“, светот остана без здив. Храброста на украинскиот претседател предизвика стравопочит. Неговата судбина се чинеше дека ќе стане маченик за цел што се чинеше однапред осудена на пропаст, барем на краток рок.

Неколку недели подоцна, Зеленски се покажа како многу повеќе од инспиративна фигура. Тој постигна многу повеќе отколку што некој имаше причина да очекува. Не само што ги обедини Украинците, туку ја обедини и меѓународната заедница на сите нивоа, разговарајќи секој ден со светските лидери, парламентарците, претставниците на заедницата и обичните граѓани. Зеленски ја претстави оваа војна на начин што ја прави важна за сите демократии во светот. Тој ја претвори украинската работа во мисија која сите лидери чувствуваат дека мора да ја поддржат, дека приватните бизниси не се осмелуваат да ја игнорираат, дека поединци ширум светот сакаат да помогнат.
Украина не доби се што побара Зеленски. Очигледна е неговата фрустрација од одбивањето на НАТО да воспостави зона на забранети летови над Украина. Но, сепак, мобилизацијата што ја поттикна е без преседан. Зеленски – со помош на Путин – ги убеди Европа, Соединетите Држави и нивните демократски сојузници да ги воведат најбрзите и најстрогите економски санкции што светот некогаш ги видел. Во свет во кој обично владее материјализмот, тој убеди безброј корисници дека повисоката цена на гасот е жртва што вреди да се издржи.

Неговите апели не само што донесоа арсенал оружје во Украина и силни санкции кон Русија, туку предизвикаа и затворање на многу гиганти во Русија, нафтените компании да си заминат и луѓето да резервираа десетици илјади соби преку Аирбнб. платформата и така да им испратат пари на Украинците.
Украинскиот претседател кој, како што сега е надалеку познато, беше комичар, стана име кое сите го знаат, лице кое сите го препознаваат, како што е со години во Украина.

Кога пред Европскиот парламент рече „сакаме да ги видиме нашите деца како живеат“, преведувачот едвај ги задржа солзите. Во друг говор, директно пренесуван на собраните во европските метрополи, тој предупреди: „Ако ние паднеме, ќе паднете и вие. Немојте да молчите. На плоштадот Вацлав во Прага, епицентарот на славната – успешна – Кадифена револуција, илјадници луѓе го поздравија со воодушевени извици.

Живописните бои на украинското знаме, жолта и сина, сега се гледаат на реверите, на излозите на продавниците, на демонстрациите ширум светот. И тоа не само симболично. Неговата порака го поттикна светот.
Зеленски, кој има еврејско потекло и кој изгуби многу роднини во Холокаустот, го стави страдањето на Украина во историски контекст. Тој предупреди дека, како и фашистичките водачи на дваесеттиот век, агресорот нема да запре. „Ние сме први во низата. Вие ќе бидете следни, изјави тој за американскиот АБЦ, бидејќи колку и да јаде овој ѕвер, тој секогаш сака повеќе и повеќе.

Неговите зборови беа поетски бидејќи ја нарече оваа војна борба меѓу „светлината и темнината“, но тој остана прагматичен и фокусиран на резултатите.

Превземено од ba.n1info.com