Двајца Албанци од Косово, кои се упатиле кон украинската граница, сакајќи да им се приклучат на вооружените сили на Украина, биле приведени на границата меѓу Украина и Полска, каде биле испрашувани четири часа, јавуваат Репортери.
Канал 10 јавува дека не можеле да влезат во Украина и дека биле испрашувани околу четири часа за мотивите поради кои сакале да ја преминат границата.
Азиз Бехљули и Исмет Шала од Сува Река вчера изјавиле дека една од причините зошто сакаат да се борат на страната на Украина е тоа што Русија не ја признала независноста на Косово.
– Сакаме да ги поддржиме и Соединетите Американски Држави, бидејќи можеби после тоа Украина ќе го признае Косово – рекол Шала.
Учеството во војни надвор од територијата на Косово се третира како кривично дело и е класифицирано како терористички акт, а казната е од три до 15 години затвор.