(Видео) Констракта мие раце, ја „украде“ сцената од филмот „Лаење на ѕвездите“ – ММС
ММС

Објавено на: 03/9/22 6:30 PM

(Видео) Констракта мие раце, ја „украде“ сцената од филмот „Лаење на ѕвездите“

Култната сцена на миење раце од филмот „Лаење на ѕвездите“ во која професорот Малетиќ си ги сапуни рацете на сред час, по победата на Констракта на Евровизија, сите ја гледаат со други очи.

„Лаење на ѕвездите“ е еден од најомилените филмови на сите времиња во регионот. Речиси и да нема човек кој не ги гледал авантурите на матурантите кои се блиски за секого, снимени според книгата „Леење на ѕвездите“ од Милован Витезовиќ, а во режија на Здравко Шотра.
Драгомир Чумиќ го глумеше професорот Малетиќ, кој бил опседнат со хигиена и едноставно згрозен од секаков вид физички контакт, што матурантите го гледале како можност за шега, која често ја користеле.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Filmske lokacije (@filmske_lokacije)

Има една сцена во филмот во која тој, исто како Констракта, сапуни и мие раце.

Кратко видео од филмот почна да се споделува на интернет по победата на Констракта на натпреварот за песна на Евровизија. Корисниците на социјалните мрежи сега се шегуваат дека уметникот ја „собрал“ оваа изведба од филмот.